Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска присуствуваше и се обрати пред присутните на традиционалниот Вевчански карневал.
“Денес сме собрани во Вевчани, на местото каде традицијата и гостопримството се спојуваат во единствена магија. Вевчанскиот карневал, со својата долга историја е светилник на нашата култура и идентитет.
Секое издание на овој карневал не само што нè обединува, туку и ни покажува дека нашите обичаи и вредности живеат и се пренесуваат од генерација на генерација.
Нека Вевчанскиот карневал продолжи да биде симбол на слободниот дух и креативноста на нашиот народ.
Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на овој национален бренд кој ја прославува слободната мисла, креативноста и нашата долговечна традиција.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот за култура и туризам Љутков


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк
Досега најопфатен Оперативен план за претприемништво и вработување на АВРМ: Над 40 мил денари за раст на економското портфолио на стопанството и граѓаните