Роден е во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.
Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт. Бил главен организатор на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб. Воедно бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан, кои во 1874 год. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската,кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан. По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.
Извор: Општина Берово


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун