На 12 септември 1942 година загинале Македонските револуционери Стив Наумов и Мите Богоевски. За да не паднат живи во рацете на Бугарските Фашисти, се самоубиваат со бомби.
За главата на Стив Наумов се давале 200 илјади лева, жив или мртов. По самоубиството, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска.
Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи месното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.
Истата година во скопскиот затвор бугарските фашистички власти го бесат и братот на Стив- Ѓорѓи Наумов!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево