Сместена во село Разловци, Црквата „Св. Цар Константин и Царица Елена“ покрај верската улога и значење одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај. Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година.
Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.

Повеќе на: Дестинација Делчево

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа