Започнуваат подготовките за реализација на неколку нови инфраструктурни проекти. Денес сме на улица 8-ми Септември (поранешна 4-ти Јули) каде се вршат финални подготовки за асфалтирање на оваа улица во централното градско подрачје. По ова ќе следува асфалтирање на нова улица кај детското игралиште кое го изградивме заеднички со Рудник Саса, и каде што ќе бидат изградени и два паркинг простори за жителите од овој дел на Каменица. Продолжение на овие проекти ќе бидат нови локални патишта во рурални средини, и тоа во Моштица 1 и во Дулица, каде ќе се асфалтира патот кој ги поврзува маалите Цоцевци и Доганскo маалo.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа