БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лазар Поп Трајков (10 април 1878 – 11/12 октомври 1903)

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пренеси го гласот

Македонски Револуционер и писател, раководител и Војвода на Македонската Револуционерна Организација.

11-12 ОКТОМВРИ 1903 ДЕНОТ КОГА Е УБИЕН ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ.

Лазар Поп Трајков и Иван Попов со 116 преостанати востаници, колку што пристигнале во Прилепскиот крај, се сретнале со групата на Ѓорче Петров која броела 14 души. Со Ѓорче Петров се договориле со неговата чета да одат во Леринско за да ја кренат во воздух железничката линија Солун – Битола. Но, на пат кон Леринско, кај Мариовското село Чаништа, групата од 130 востаници паднала во заседа. Започнала тешка битка со 5.000 – та турска војска. И покрај фанатичните напади на турскиот аскер подржани од артилерија, востаниците предводени од искусните костурски великани на чело со Лазар Поп Христов, успеале во вечерните часови да го пробијат обрачот, оставајќи зад себе околу 300 до 400 загинати Турци. Во оваа битка востаниците имале само 4 загинати и 6 ранети. Меѓу ранетите бил и самиот Поп Трајков.Лазар Поп Трајков бил лошо погоден во устата и решил да се врати во Костурско за да се лекува. Тој му се обратил за помош на војводата Коте Христов, иако знаел дека одамна стариот арамија шурувал со грчкиот владика Германос Каравангелис.Поп Трајков се надевал дека старите недоразбирања биле надминати, посебно откако како горски војвода му го простил гревовите и го бакнал Котета, како и поради заедничките акции за време на востанието. Меѓутоа Лазар Поп Трајков воопшто не бил информиран дека во меѓувреме Коте влегол на платниот список на Грчкиот комитет и дека од нив примал редовна плата.Како голем противник на грчката духовна доминација во Костурскиот реон, Грците нуделе големи пари за главата на Лазар Поп Трајков.

По доаѓањето во селото Руља, во октомври во 1903 година, наместо заштита и лекување, дваесет и пет годишниот Лазар Поп Трајков бил заклан од предавник Коте и неговиот соселанец гркоманот Павле Киров.Окрвавената глава на Лазар Поп Трајков, поп Ставре од Писодер му ја однел на Грците во Костур. Му била предадена на грчкиот владика Каравангелис кој потоа ја фотографирал и испратил по селата за да народот фати уплав.

Така, предаден од своите, загина омилениот млад револуционер и поет Лазар Поп Трајков, еден од најсветлите ликови на македонското револуционерно движење во Костурско.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВОЈВОДО❗❗❗

bregalnickimarketing

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Пишува: Стојанче Никодиноски

Креирано од:


Пренеси го гласот