Во изминатите месеци по промената на власта во Македонија по изборите во мај 2024 година речиси неприметно во голем број Македонски медиуми и помеѓу научните и стручни кругови помина цела лепеза на активности на Премиерот Христијан Мицкоски и официјалните владини претставници на меѓународната сцена, поврзани со афирмација на Македонскиот национален идентитет.
Во контекст на односите со соседите а особено односите со Бугарија, Христијан Мицкоски во повеќе наврати го актуелизира прашањето за признавање на Македонците во Бугарија со што е првиот Македонски Премиер кој што зборува јасно и гласно на оваа тема. Ваквата заложба на Премиерот Мицкоски не е нова и таа генерира со години наназад како доминантна тема во неговата борба како од опозиција во периодот 2017-2024 година за афирмација на Македонскиот идентитет на домашната сцена, така и сега како власт со што е првиот Премиер кој што со силата на аргументите бара признавање на постоењето на Македонци во Бугарија.
Спомнувањето на Македонци во Бугарија за сите премиери на Македонија во изминатите 3 децении беше забранета табу тема, а сега Премиерот Мицкоски пред лицето на историјата истата ја заживува на највисоко државно ниво. Аргументите на Премиерот се етаблирани во меѓународни рамки и се содржат во пресудите на Меѓународнииот суд за човекови права во Стразбур.
И на сето тоа пред неколку денови Премиерот Мицкоски најексплицитно како и многумина историски дејци кои работеле на полето на борбата за слобода и афирмација на Македонскиот национален идентитет, јасно и гласно на јавна сцена нагласи дека Македонското прашање се уште не е затворено и дека тоа ќе биде направено кога Македонија ќе влезе во полноправно членство во Европската Унија.
На ваквата изјава на Премиерот Мицкоски реагираа од грчката страна за што најверојатно премиерот изрази став дека најверојатно бил погрешно протолкуван од грчки политичари.
Паралелно со оваа борба на Премиерот Мицкоски да ја промени ропската матрица на размислување на поедини структури во Македонското општество, исто така и во Бугарија дебатата за Македонското прашање зема се поголем замав, поттикната од ставовите на Премиерот Мицкоски.
Во емисии каде гостуваат бугарски аналитичари ваквите постапки на Премиерот Мицкоски се коментираат како аргументи со што пополека вистината за постоењето на Македонци во Бугарија завзема своја подлога помеѓу бугарската јавност.
На социјалните мрежи е достапно видео на кое бугарски аналитичар ја актуелизира аргументацијата на Премиерот Мицкоски на прашањето за постоење на Македонци во Бугарија пред Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен на највисоко европско ниво со што Македонското прашање во современ контекст доживува своја интернационализација.
Во емисијата во која зборува бугарскиот аналитичар на бугарски медиум се загатнува прашањето за Декларацијата која што беше донесена во Бугарскиот парламент а врз основа на која во бугарското општество политичките елити градат државен консензус за прашањето и односите со Македонија. Според бугарскиот аналитичар најважното нешто кое треба да биде застапено во оваа Декларација е постоењето на Македонците во Бугарија за што Премиерот Мицкоски разговарал со Урсула Фон Дер Лејен.
-“При својата посета на Брисел, Мицкоски како и се обрати на Урсула Фон Дер Лејен? Дека Бугарија на реципрочна основа штом сака впишување на бугарите во Македонскиот устав, треба да признае Македонско малцинство во Пиринскиот дел од Бугарија. Тоа што Бугарите го имаат признаено во 1947 година. Дали Бугарија го признла Македонското малцинство- го признала во 1947 година. Дали сака да ги впиша Бугарите во Македонскиот устав? Сака! На реципрочна основа ние тврдиме дека во Пиринскиот дел има Македонци за што имаме докази: 13 пресуди на судот во Стразбур за ОМО Илинден.
-За прв пат Македонија го европеизира- интернационализира прашањето за Македонското Малцинство во Бугарија а во Декларацијата на Бугарскиот парламент за тоа нема ни еден збор. Тоа требаше да биде во Преамбулата на Декларацијата,”
-вели бугарскиот аналитичар во видеото емитувано на бугарскиот медиум.
Овој тренд кој што со целиот свој интензитет, значење и сила го практикува во континуитет Премиерот Мицкоски е можеби една од најважните борби за афирмацијата на Македонскиот национален идентитет на Балканот, која што заедно со напорите за воспоставување на ред и поредок како и економско воздигнување на Македонските граѓани се едни од столбовите на политичката платформа за работа на Македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите напори на Премиерот Мицкоски и Владата се особено значајни за Македонската држава и како такви треба да добиваат поенергичен простор во одреден фонд на Македонските медиуми кај кои што се уште веројатно царува ропскиот менталитет на некои минати времиња.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година