БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна

Пренеси го гласот

Во изминатите неколку години додека СДСМ и ДУИ управуваа со институциите во Македонија целокупната јавност беше сведок на немили сцени за време на одржувањето на Вевчанскиот Карневал, како директен резултат на односот на власта кон вевчанската традиција.

Така јавноста беше сведок на полициски кордони, фрлање солзавци, полицајци во целосна борбена готовност за време на одржувањето на Вавчанскиот карневал, при што тогаш Вевчанци реагираа на соодветен начин со укање и исвиркување на постапките на полицијата предводена од Оливер Спасовски.

Покрај ваквиот репресивен елемент против вевчанската традиција која што ниту една власт со векови наназад не успеала да ја уништи, со години наназад овој спектакуларен театар на отворено беше заборавен од власта на СДСМ и ДУИ со незначителна финансиска поддршка од страна на Министерството за култура како најнадлежно за одржување на оваа манифестација.

Денес откако СДСМ се во длабока опозиција, неколкумина челници од актуелното раководство на опозициската партија смогнаа сили да се појават помеѓу жителите на Вевчани на денешниот Вевчански карневал.

“Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, заедно со потпретседателот Илиевски и организацискиот секретар Костовски, присуствуваа на една од најголемите и најзначајни културни манифестации кај нас– Вевчанскиот карневал.

Овој уникатен карневал, кој по некои проценки датира пред повеќе од 1.400 години, е вистинско богатство на македонската традиција и култура. Нè потсетува дека наследството што го чуваме не само што нè дефинира, туку и не поврзува.

🎭 Вевчани денес е центар на традицијата, културата и заедништвото.

🇲🇰 Да го славиме и да го почитуваме нашето богато културно наследство!”

-напишаа денеска од СДСМ на социјалните мрежи во врска со еден од најбележитите настани во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот