БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зеленски понудил помош од 150 пожарникари за Калифорнија

Пренеси го гласот

На својот твитер акаунт Претседаелот на Украина Володомир Зеленски ја информираше јавноста дека преку своите канали за комуникација понудил помош од Украина за сојузната држава Калифорнија која деновиве се соолува со катастрофални пожари.

Зеленски покрај дневниот брифинг во своето видео обраќање за состојбите на фронтот во Украина соопшти дека понудил помош од 150 пожарникари за борба со огнената стихија во Калифорнија,

“Денеска му наложив на министерот за внатрешни работи на Украина и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на нашите спасувачи во борбата против шумските пожари во Калифорнија.

Ситуацијата таму е исклучително тешка, а Украинците можат да им помогнат на Американците да спасат животи.

Ова во моментов се координира, а на американската страна и ја понудивме нашата помош преку соодветните канали. 150 наши пожарникари се веќе подготвени.”

-соопшти Зеленски преку Твитер.

Креирано од:


Пренеси го гласот