БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што да се види? Црква Св. Климент Охридски во с. Видовиште, општина Зрновци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 15. 05. 2016 година, 3 –та Недела по Воскресението Христово, посветена на жените мироносици, пренос на моштите на св. Атанасиј Велики, св. мч – ци Борис и Глеб, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, по повод 1100 годишнината од упокоението на најголемиот македеонски духовен великан – Свети Климент Охридски, просветител, чудотворец и основоположник на славната Охридска Архиепископија – патрон и закрилник на нашата МПЦ – ОА и 1000 години од упокоението на Свети Јован Владимир, кој маченички пострадал во Преспа, ја освети новоизградената прва црква посветена на „Свети Климент Охридски“ во с. Видовиште – Општина Зрновци,

и отслужи Света Архиерејска Литургија. Храмот е изграден со посебно залагање и материјална помош на Градоначалникот на Општината, г. Блаже Станков и Советот на Општината, а додека фрескоживописот и иконите се дар од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници на Градоначалникот на Општина Зрновци г. Блаже Станков, на Советот на Општина Зрновци и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер. По беседата на Митрополитот г. Иларион, Градоначалникот на Општината, г. Блаже Станков на свечен начин ја предаде новоизградената прва црква посветена на „ Свети Климент Охридски“ во с. Видовиште на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За сите присутни на осветувањето заедничка трпеза на љубовта беше организирана во с. Видовиште.

Извор: Брегалничка Епархија

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот