Градоначалникот на општина Виница Миле Петков упати јавна покана за сите граѓани кои што имаат можност да бидат дел од Јавната расправа за креирање на Буџетот на оптина Виница за наредната 2023 годна.
Јавната расправа ќе се одржи во среда на 07.12.2022 година во салата за седници на Советот на општина Виница а граѓаните ќе можат да предложат приоритетни решенија за нивните проблеми во форма на проекти кои би можеле да влезат во програма за финансирање за наредната година.
“ЈАВНА ПОКАНА
Почитувани сограѓани, Ве поканувам на јавна расправа за Буџетот на Општина Виница за 2023 година. Расправата ќе се одржи на 07.12.2022 година(среда) во салата за седници на Советот на Општина Виница со почеток од 12:00 часот.
Покрај расправата за Предлог-буџетот за следната година, дневен ред на состанокот ќе биде и планот за активности за 2023 година, како и разгледување на тековни проблеми, со кои се соочуваат граѓаните во Виница и населените места.”
-напиша градоначалникот на општина Виница Миле Петков на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година