Француската актерка Жулиет Бинош која што е позната по нејзините филмски улоги во филмовите “Три нијанси: сино”, “Англискиот пациент”, “Вкусот на нештата” ќе биде следниот претседател на Бордот на Европската Филмска Академија. Таа доаѓа на оваа престижна функција наследувајки ја филмската режисерка Агњешка Холанд (“Европа, Европа”, “Спур”, “Зелена граница”) со едногласна одлука на членовите на бордот на директори на ЕФА откако Холанд одлучи да се повлече посветувајки се единствено на создавањето филмови.

“Не сум човек кој лесно се повлекува, но дојдов до заклучок дека јас сум филмаџија најпрво и пред се. И тоа е на што сакам да се фокусирам во наредните години.”
-соопштија Агњешка за јавноста како објаснување за нејзиниот потег.
Најновиот филм на Агњешка Холанд “Зелена граница”, освои специјална награда од жирито на минатогодишниот фестивал во Венеција а се подготвува за снимање на биографскит филм за Кафка, насловен “Франц”.
Холанд ја превзела претседателската функција во ЕФА во 2021 година од германскиот режисер Вим Вендерс кој пак ги следел стапките на шведскиот режисер Ингмар Бергман
Актерката Жулиет Бинош официјално стапува на новата функција од 1 мај 2024 година.
Таа е првата актерка која што ги има освоено најголемите почести на филмските фестивали во Европа како и онаа на американската филмска академија.
Жулиет Бинош ја освои наградата Volpi Cup во венеција за својата улога во филмот “Три нијанси: сино” во 1993 година, потоа ја освои Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал за својата улога во филмот “Англиски пациент” во 1996 година, која што улога исто така и го обезбеди Оскарот во 1997 година, за потоа да ја добие и Златната палма на Канскиот филмски фестивал за својот филм “Сертифицирана ккопија” во 2010 година.
Моментално актерката е актуелна со својот филм “Вкусот на нештата” чија што премиера е на Канскиот фестивал како и по серијата “Новиот изглед” во која што таа го глуми ликот на модната дизајнерка Коко Шанел- наспроти Бен Менделсон.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Дома“ прва песна од новиот проект на Бојана Скендеровски – КРУНА НА 23-ГОДИШНАТА КАРИЕРА!
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam