Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, беа претставени придобивките од билкарството.
Билјана Пешева, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство.
На презентацијата присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, кој во свое обраќање го поздрави интересот на присутните за развој на оваа вештина, за економско и зајакнување и за стекнување и развој на претприемачките способности преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор
Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна
Ученици од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ Кочани ги претставија научените вештини за билкарство