БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Марија Кири – Највлијателната жена во историјата

Пренеси го гласот

Марија Саломеа Склодовска – Кири ( 7 ноември 1867 – 4 јули 1934) била полско-француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија.

Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

Родена во Варшава, Полска, во тоа време под власт на Руското Царство, нејзиното детство било тажно, обележано со смртта на нејзината сестра (починала од тифус), а по четири години и на нејзината мајка. Било забележано дека има неверојатно помнење и способност за исцрпувачка работа, занемарувајќи ги дури и храната и спиењето за време на учењето. После матурирањето на само петнаесетгодишна возраст, била потполно исцрпена и била испратена на село за да закрепне. Поради тоа што била женско, како и поради руските (анти-полски) репресии по Јануарското Востание од 1863 година, не и било дозволено да се запише на ниту еден универзитет, така што неколку години била принудена да работи како гувернанта и да го посетува нелегалниот т.н. „Летечки Универзитет“.

Полско-француската физичарка и хемичарка Марија Кири е прогласена за највлијателна жена во целата историја според анкета спроведена од страна на BBC.

Читателите на списанието „History“ на BBC ја ставиле Кири на првото место на листата со жени кои го промениле светот. Причината е што Марија е првата личност која освоила две Нобелови награди (за физика во 1903-та и за хемија во 1911-та година) и поради нејзините истражувања за радиоактивноста, збор кој го смислила таа.

На второто место се наоѓа американската активистка Роза Паркс која одбила да го отстапи нејзиното место во автобусот на белец. На овој начин таа ја поттикнала борбата за правата на црнците во Америка.

На трето место се наоѓа британската активистка Емелин Панкхерст која е заслужна за добиеното право на глас на жените.

bregalnickimarketing

Англиската математичарка и пионерка во програмирањето Ада Ловлејс е четврта, а британската хемичарка Розалин Френклин која придонела во разбирањето на молекуларната структура на ДНК се наоѓа на петтото место.

„Овој попис е тестамент за жените низ историјата кои и против сите верувања имале неверојатни достигнувања“, изјавила Хинали Пател, портпаролката на британското здружение за правата на жените.

Некои луѓе сметаат дека изборот е можеби контроверзен. Тие се прашуваат дали Маргарет Тачер навистина го заслужува 6-тото место на листата, а принцезата Дијана 15-тото. Исто така на многумина не им се допаѓа што Еленор Аквитанска, моќната жена на кралевите Луј VII и Хенри II е на 11-тото место, додека Дева Марија се наоѓа на 12-тото.

Креирано од:


Пренеси го гласот