На социјалните мрежи може да се пронајдат голем број на сведоштва во различни формати за репресиите кои ги трпеле Македонците во Егејска Македонија во различни периоди од трагичната историја.
Едно такво сведоштво пренесено преку видео запис е и сведоштвото на Василка Пилурис од Д’амбени. Разговорот со неа го води Весна Карапетрова.
Во видеото баба Василка зборува за начинот на кој што биле присилувани како Македонци да го учат грчкио јазик а им било забранувано да зборуваат на својот мајчин Македонски јазик.
Доколку некој Македонец бил фатен како зборува Македонски јазик морало да плати казна, а населението било терано да оди во вечерни училишта за да го учи грчкиот јазик. дополнително населените места биле изложени на жестока пропаганда како преку летоци, плакати, испишани графити на јавни места, така и преку црковните служби и јавни настани.
Целото видео погледнете го во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”