БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се сеќавате на авганистанското девојче од насловната на “National geographic” во 1985? Децении потоа таа е жена и изгледа вака

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Државата Италија даде прибежиште и ја прими Шарбат Гула-жена бегалец од Авганистан. Оваа жена стана позната во светот откако нејзиното лице излезе на насловната страна на списанието “National geographic” во 1985 година. Лицето од кое што извираа смарагдно-зелените очи се здоби со светска слава откако американскиот фотограф Стив Мекири го зароби нејзиниот поглед на фотографија која се најде на насловната страна на угледното светско списание во јуни 1985 година.

Сега, после цели 36 години Шербат Гула е возрасна жена на 49 годишна возраст кај која тешкиот живот во Авганистан ги оставил своите траги. Таа е вдовица, самохрана мајка на на 4 деца од кои едното е починато и таа како и многу други нејзини сонародници избега од својата родна земја под закана по нејзиниот живот од страна на Талибанците.

Најде прибежиште во Рим, Италија каде тамошните власти ја евакуираа од Авганистан заедно со поголем број други бегалци од талибанскиот режим.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Фотографијата на младата Шарбат Гула од 1985 година стана една од најпознатите фотографии во светот на сите времиња вбројувајки се во топ 100 фотографии во светот.

Оваа фотографија го отсликува авганистанскиот народ и тежината на животот во Авганистан но и индивидуалната убавина на авганистанските луѓе.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace