Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски во придружба на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне се сретнаа со Државниот секретар на САД Марко Рубио.
Ваквите средби на највисоко политичко ниво се потврда на традиционалните добри односи меѓу Македонија и САД но и определбите на двете држави за суштинска и континуирана соработка на полето на стратешките интереси на Македонскиот и Американскиот народ.
“Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.
Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.
Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.
Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.
Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности. “
-напиша на социјалните мрежи Премиерот на Република Македонија Христијан Мицккоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија