Денеска случајните минувачи во центарот на Делчево имаа можност да видат една несекојдневна глетка.
Имено станува збор за повторно асфалтирање на асфалтна површина на мостот на реката Габровчица кај крстосницата со булеварот М.М. Брицо во центарот на Делчево, што како феномен досега се нема случено во Делчево.
Според надлежните институции станува збор за повторно асфалтирање на предметната делница поради претходно несоодветно вградување на асфалт од страна на изведувачот што сега по инсистирање на градоначалникот на општина Делчево повторно се реализира за да граѓаните добијат квалитетна сообраќајница на една од најфрекфентните сообраќајници во Делчево.
Во врска со ваквата состојба своја порака во јавноста упати и Градоначалникот Гоцевски кој порача дека е завршено со несоодветната изградба на градежни работи во Делчево-пралса што во минатото иако поретко сепак беше присутна.
“Фушерај и половични решенија нема да толерирам!Јасно ставам до знаење дека секоја грешка ќе се коригира, без изговори.Денес, по мое барање, се повтори асфалтирањето кај проширениот мост во Ново Делчево, затоа што работата не беше завршена како што беше потребно.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата