Градоначалникот на општина Берово Петар Ружински потпиша два значајни договори за инвестирање во Малешевијата.
Станува збор за капитални инвестиции со кои што значително ќе се подобри стандардот за живеење за беровчани но и како додадена вредност подобрување на инфраструктурата во интерес на Локалниот економски развој и туризмот по кој што Берово е надалеку прочуено.
“Нови инвестиции за Берово – потпишани договори за два значајни проекти
Денеска, во Министерството за локална самоуправа, ги потпишав договорите за реализација на два значајни проекти за Општина Берово, кои ќе придонесат за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните:
Реконструкција на крак 1 и крак 2 од ул. „15-ти Корпус“, за кој се одобрени 2.677.646,00 денари;
Оградување и партерно уредување на Депонија за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица -Црвен Брег”, за кој се одобрени 443.539,00 денари.
Овие проекти, се одобрени од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, за 2026 година.
Изразувам искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.
Преку овие инвестиции, продолжуваме посветено да ја унапредуваме инфраструктурата , со побезбедни улици и патишта, поуредени јавни површини, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Берово Петар Ружински во однос на овие две значајни инвестиции на централната влада за жителите на општина Берово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница