БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гане Тодоровски: Разговор со Делчев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Разговор со Делчев
ПРЕД ПАМЕТНИКОТ НА ДЕЛЧЕВ

Вечерва со тебе да зборувам мислев
и еве ме – дојдов во доцниов час.
Сив октомври рони пожолтело лисје,
октомвриски вечер, не милува ете,
октомвриска радост – преполнила гради
ечи в мојот глас.
Јас пред тебе стојам -пред образот леден,
што вечерва жив е, а не занемен.
Почнува низ градот ноќта да се краде,
ветерот се платка низ освиткани ветки.
И тука по патот распостила злато
ветерот немирен.
Вечерва е вечер на спомени пресни,
што в секое срце искрат копнеж врел.
Вечерва е вечер на најмили песни,
што низ гради волни – со радост се полнат.
Нив в машкости плиска минатото блиско
на народот смел.
А јас – јас ти пракам жив поглед и сакам
да ти кажам нешто, само некој збор.
И ти одобруваш со својата рака,
велиш: момче кажуј за смелите мажи,
за октомври славен, за октомври светол,
за Илинден втор.
Почнувам. Ти слушаш, ти мене ме гледаш
со погледот чуден радосен и тих.
Ти слушаш глас еден од многуте чеда
што достојно, смело патот твој го следат,
што в градба ја градат гранитната зграда
на животот мил.
Октомври е гостин во вашата страна,
да – еве го, кај нас, го сеќаваш ли?
Во Октомври, Гоце, родината стана
и внуците твои нарипаа в бојот.
Со твоето знаме разгореа пламен
во Октомври сив.
Октомври се шета вечерва низ градо
во срцата наши празничен е тој.
Октомври ни носи несетена радост,
а животот убав преполнет со љубов
в трудовиот бој.
……………………………………………………….
Ноќта тихо шепне низ лисјето меко
во градат се спушта кроце доцен час.
„Видение добро” на Гоце му реков,
октомвриски ветер ме гушна ко дете,
октомориски расказ в октомвриски вечер
привршував јас.

Октомври 1948
Гане ТОДОРОВСКИ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace