На денешен ден 04.03.1881 година во штипско Ново Село е роден големиот Македонски војвода, револуционер и водач на ВМРО.
Неговото име е Тодор Александров Поп Орушов! Во очите на својот народ бил силен лидер, со остроумност и лојалност кон Македонсата кауза, бил обединувач на револуционерните сили кои биле подготвени да се борат за слободата на Македонија.
“Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово фаќање.
(Колинз, за весникот „Чикаго Дејли Њуз“)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Роден на денешен ден: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”