БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција од Владата зборуваше за разногласието што постои во структурите на СДСМ во врска со проектот за експлоатација на рудата која содржи антимон во соработка со САД.

Правото да се побара референдум е уставно загарантирано, но проектот за рудникот за антимон кај Луке е стратешки за државата и за локалното население и е дел од билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Мицкоски посочи дека секоја иницијатива за референдум мора да се спроведе согласно законските процедури, но изрази зачуденост од, како што рече, различните ставови во рамки на СДСМ по ова прашање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Ме зачудува фактот дека градоначалникот на Крива Паланка, кој е од редовите на СДСМ, има сосема спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ, бидејќи јас честопати комуницирав со него, вклучително и денеска. Можев да се ​​уверам дека неговиот ставот е сосема спротивен, дека прво овој проект е дел од нашата соработка со Соединетите Американски Држави, финансиран делумно од САД – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека проектот, доколку се реализира, ќе мора целосно да ги исполни уставните и законските услови, особено во делот на заштитата на животната средина, за што, како што рече, гарантираат и тој и инвеститорите.

Мицкоски оцени дека станува збор за инвестиција со значаен економски бенефит за регионот и населението, посочувајќи дека областа е типично рударско подрачје и дека проектот е стратешки и за државата и за локалната заедница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace