Васка Илиева со своето постоење ја задолжи Македонија и Македонците. Нејзината обдареност и задоеност со Македонскиот изворен фолклор е силен аргумент за вредноста која таа ја внесе во Македонската музичка историја, но нејзиниот дух, гласовна силина и народен сензибилитет ја сврсти во редот на Македонски музички легенди за век и веков.
Васка Илеиева почина на денешен ден 4 мај 2001 година, како оној за кого толку милно и со огромен пиетет пееше- Гоце Делчев, за кого таа посвети своја песна.
Родена е во општина Чаир, Скопје, на 21 декември 1923. година во семејството на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Велков Бошков, беше гајдаџија. Васка Илиева започна со својата музичка кариера во далечната 1950 година во ансамблот Танец.
Познати песни во нејзината интерпретација се ′′ Македонски Земјо “, ′′ Имала Мајка “, ′′ Излегол Невен Пејо “, ′′Аир да не сториш мајко”, ′′Сестра кани брат на вечера ′′ и многу други. Позната е и по своите неповтовторливи дуети со колегата Александар Сариевски.
За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“
Васка Илиева почина на 4 мај 2001. година во Скопје на 77 годишна возраст. По повод десетгодишнината од нејзината смрт, се одржува концерт во нејзина чест со учество на реномирани музички имиња.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун