Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Сеќавање на Драган Ѓаконовски Шпато по повод денот на неговата смрт во 1987 година

Пренеси го гласот

На денешен ден на на 56 годишна возраст починал Драган Ѓаконовски Шпато- втемелувач на Македонската џез и забавна музика.

Со својот музички жар, сензибилитет и можности Драган Ѓаконовски Шпато го создаде од темел музичкиот наратив во пост-воена Македонија. Се одликувал со огромна дарба за слух и музичка перцепција кои што овозможиле џез музиката да заживее на ова наше поднебје после втората светска војна. Неговиот гениј се состоеше од музичка креација базирана на музиката која ја слушаше преку аудио приемниците кои биле ретки во тој период помеѓу народот на Македонија. Со својот раскошен талент помогнал во етаблирање на значајни џез и забавни нумери помеѓу јавноста во Македонија преку неговите аранжмани кои биле исполнувани од оркестрите кои самиот тој ги создавал.

Роден во 1931 година во Скопје во музичко семејство младиот Драган уште од мал ги манифестирал своите музички таленти. Позната е една случка кога на 11 годишниот Драган неговиот татко му дал да препише ноти на една музичка нумера која ја донел едно попладне дома. Младиот Драган ја напуштил играта во дворот и ја исполнил задачата на неговиот татко со тоа што за крај на нумерата направил свои промени по сопствен музички вкус, затоа што првобитната мелодија не му се допаднала.

Неговата прва песна “На игранка” ја напишал на своја 17 годишна возраст која што подоцна во 1983 година на Скопскиот Џез Фестивал била прогласена за прва македонска џез композиција.

Шпато бил голем авторитет во круговите на тогашниот систем во кои што се движел и работел а за него само во суперлатив говорат музичките имиња кои што имале можност да бидат дел од неговата музичка кариера.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com