БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бесплатниот јавен превоз за кумановци мора да се спроведува согласно одлуката донесена од советниците

Пренеси го гласот

Советничката во Советот на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска Божиновска во јавноста преку социјалните мрежи упати свое соопштение во врска со почитувањето на обврските на договорот за реализација на бесплатен јавен превоз за жителите на оваа општина. Вкупно 26 линии за превоз на патници во Куманово ќе работат бесплатно во период од 01.01.2023 заклучно со 30.06.2023 година а кумановци можат истите да ги користат неограничено.

Советничката Божиновска ги повика сите граѓани кои што ќе забележат одредени аномалии во одност на спроведувањето на советничката одлука од страна на превозниците или имаат свои забелешки, да реагираат до некој од советниците лично или во диспечерскиот центар на телефонскиот број 031/444-003 за да се санкцинонира било која злоупотреба или прекршување на одредбите од одлуката.

“КУМАНОВЦИ,

☎️☎️☎️ ЗА СИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ И ПОПЛАКИ во врска со бесплатниот јавен превоз, ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ за дневни редови и слично, МОЖЕТЕ ДА СЕ ОБРАТИТЕ во ДИСПЕЧЕРСКИОТ ЦЕНТАР на 031/444-003 или ПИШЕТЕ НА НЕКОЈ СОВЕТНИК❗

✅✅✅ Ве повикувам и охрабрувам да ја пријавите секоја недоследност бидејќи се плаќа со ваши пари❗

🚍Дел од средствата од општинскиот буџет се одделени токму за Куманово да добие пристоен јавен превоз и тој мора да се спроведува согласно договореното❗

📌 НЕ СМЕЕ да има КРАТЕЊЕ НА ЛИНИИ, ИЗМЕНИ НА ВОЗНИ РЕДОВИ, ИМПРОВИЗАЦИИ и САМОВОЛНО ПОСТАПУВАЊЕ на ПРЕВОЗНИЦИТЕ❗

bregalnickimarketing

📌 БЕСПЛАТНИОТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ МОРА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА СОГЛАСНО Одлуката донесена од Советот и согласно Договорот❗

📌 Во спротивно, доколку превозниците, без оправданост се однесуваат самоволно и вршат промени, кратења, отстапки Договорот ќе биде ПОНИШТЕН”

-информираше советничката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска Божиновска.

Креирано од:


Пренеси го гласот