Откако на 19 декември во 1942 година во Велес биле уапсени од страна на бугарските фашистички власти и биле приведени во скопскиот озлогласен затвор, револуционерите и народни херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур биле подложени на едни од најѕверските измачувања кои што биле забележани од историјата. Повеќе од две недели бугарските фашистички окупаторски власти се изживувале над заробените млади револуционери.
На денешен ден 04 јануари во 1943 година како резултат на мачењето згаснале животите на овие двајца неприкосновени борци за Македонската слобода. Нивните гробови не се знаат, но нивното дело и жртва Македонскиот народ многу добро ги знае до ден денешен.
По повод одбележување на денот на смртта на Мирче Ацев и Страшо Пинџур Армијата на Република Македонија организира почесна стража пред бистите во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Имињата на Страшо Пинџур и Мирче Ацев се овековечени во колективната свест на Македонскиот народ како едни од најначајните револуционери и борци за Македонско ослободување. Голем број на училишта низ Македонија, културни институции и друштва ги носат имињата на овие двајца Македонци а нивното дело е светол пример за сите идни генерации за тоа како се сака Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун