Денеска во присуство на градоначалникот на општина Виница, воени лица од армискиот персонал на Армијата на Република Македонија, свештени лица од МЦ-ОА, здруженија и граѓани пред споменикот на паднатиот бранител на Република Македонија во војната во 2001 година против албанските качачки терористички орди, се одбележа 22 годишнината од загинувањето на Капетан Кирчо Димитриов.
Градоначалникот Миле Петков ја одаде својата лична почит на сите бранители кои што ја пролеаа својата крв за ова парче Македонска земја.
“04 март 2001 година е датумот кога загина Капетан Кирчо Димитриов, припадник на АРМ кој го загуби својот живот во војната во 2001 година во Танушевци на м.в. Рамно, заедно со својот колега Дејан Јакимовски од Куманово, бранејќи го суверенитетот и интигритетот на Република Македонија.
Денешниот настан е организиран да оддадеме почит на нашиот бранител Капетан Димитриов, неговата жртва и дело, никогаш нема да бидат заборавени.
Одбележуваме 22 години од војната во Македонија во која загинаа 75 припадници на безбедносните сили на Република Македонија и во нивна чест, им оддаваме почит на сите наши бранители, кои пролејаа крв на ова парче македонска земја.
Вечна им слава на Капетан Димитриов и на сите загинати бранители!”
-соопшти Миле Петков- Градоначалник на општина Виница.
На настанот беше прочитан пригоден реферат од страна на ученици за ликот и делото на Кирчо Димитриов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски