БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Го стрелаа бугарските фашисти и од неговото намачено тело ослободија љубов кон татковината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден згасна животот на еден од најзначајните Македонски поети.

На 23 јули 1942 година бугарскиот суд го осудува Никола Јонков Вапцаров на смртна казна без право на жалба.

Истата вечер Вацаров заедно со писателот и родољуб Антон Попов се стрелани пред полицискиот гарнизон во Софија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Куршумите од бугарските фашистички слуги можеби му го убија телото, но несакајќи ја ослободија неговата љубов и неговиот патриотски дух да се вивне на небесата за сите наредни генерации Македонци да светат силно и непрекинато.

Никола Јонков Вапцаров ги има напишано можеби најсилните поетски стихови кои и ден денес голем број на поединци се плашат да ги рецитираат. Не затоа што некој ќе ги слушне, туку затоа што не се достојни за тежината која со себе ја носат зборовите на Вапцаров.

“Проштално”

Понекога ќе идам в твојот сон,

к`о нечекан и далек гост…

Ти не ме оставај на патот, вон,

од порти истај го лостот!

Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам,

крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!

И кога наситен ќе запрам да те гледам,

ќе ми те бакнам и – ќе заминам.

“Илинденска”

Вината не беше наша,
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!
Но, штом ќе дојде ден,
и штом ќе треба, ние
за сè ќе ѝ раскажеме
на мајката историја.

Започнаа со раце гнасни
На народот во душа да му џбараат,
но, гневот беше толку нараснат,
та, не се сфати волчката им нарав

и муцките на ѕверови во овчи кожи,
престапничко и плитко лицемерење.
Но идат дни а тогаш и ќе може
со грска кал по сурат да ги пернеме.

Се почна бунтот:
И не беше обичај
да изостанеме. –
Не се предадовме!
Туку,
со крвта
на народот обичен
Во Илинден наша
содржина кладовме!
Што ли ќе речете за таа новост?
Ќе барате ли тука руски рубли?
В Крушево уште феудалот гнетеше
И колкав скок? –
Изградија република!

А беа исто млади колку нас,
Сè такви, какви што сме ние.
Се бореа,
умираа без глас,
како што умре,
ќе умреме
и ние.

Многумина ги нема, но не липам јас, чу ли?
Ќе дојдат други, среде дим и жареж.
Глеј в овој тука. Знај: тој е Питу Гули,
а ти? Ти, секако си Карев…

И ако требаат пароли – в ред!
До месецот ќе кренеме плакати.
Слободна сакаме,
и без,
и без протекторати… 

НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ

7.12.1909-23.07.1942

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace