Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Властите не дозволуваат полагање на испити за нови директори во училиштата, обвинуваат од опозицијата

Пренеси го гласот

“Повеќе од една година Државниот испитен центар манипулира со термините и со испитите за полагање на менаџерски испит!

После чекање повеќе од една година, токму кога помисливме дека сме стигнале до самиот крај – наместо да добиеме лиценци, новиот директор на Државниот испитен центар арогатно порачувајки: “пред силата правдина нема” – ни ги поништи положените испити и со тоа не стави пред свршен чин, не’ изложи на дополнително понижување, но и на нови трошоци. За жал централната власт, прекршувајќи го уставот и законите ни го ускратува уставното и законско право да полагаме за лиценца за менаџери. Се сомневаме дека однесувањето на директорот на ДИЦ е координирано на највисоко ниво на државната власт. Државната власт преку својот извршител во ДИЦ не дозволува да се полагат испити и практично не дозволуваат никој, освен поранешните кадри на СДСМ, да се стекнат со квалификациии!

Ова е уште еден доказ за коруптивно однесување на власта! Ја повикуваме Владата и го повикуваме Министерството за образование, веднаш да превземат мерки против директорот на ДИЦ, а ДКСК, и ЈО да ги испитаат мотивите, и да утврдат “злоупотреба на службена положба” на директорот со чии постапки ни се нанесува штета и дополнително се корумпира образованието во Македонија!”

-Интегрален текст на прес конференција на Комисија за образование при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот