Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

Пренеси го гласот

Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев.

Сите млади луѓе-Македонци, на возраст од од 20 до 23 години.

Биле убиени на денешен ден (13 август 1951 година) за нивната идеја за независна и слободна Македонска држава, од страна на тогашниот комунистички режим во близина на селото Орманли на планината Беласица, во непосредна близина до границата кон Грција.

Петмината струмички студенти биле прогонувани од страна на тогашните власти врз основа на информации на локалните кодоши, за нивните идеи за слободна и независна Македонија.

На 11 август 1951 година ден вечерта, петмината млади струмичани биле собрани од игранка во Градскиот парк во Струмица од страна на безбедносните власти а потоа на денешен ден на подмолен начин ѕверски ликвидирани на планината Беласица.

На местото на нивното убиство биле најпрво ѕверски тепани со стапови. Џелатите додека ги тепале извикувале “Еве ви за Гоце, еве ви за Даме, еве ви и за ВМРО…”

Убиството било спроведено со по два куршума, еден во градите, еден во челото. 

Нивните мртви тела покриени со шаторски крила, следниот ден биле донесени пред Општинското собрание, од каде во присуство на нивните семејства се погребани, освен Борис Белев кој е закопан во протестантските гробишта, сите биле погребани надвор од гробиштата.
Сите тие потекнувале од угледни градски семејства.

По убиството се прогласени за народни непријатели.

Семејствата веднаш по настанот им изградиле споменик од бел мермер во вид на отворена книга на кој пишувало дека се УБИЕНИ. 
Набрзо, споменикот е искршен на парчиња, …, и се подигнува нов, бетонски… За на властодршците да не им боде очите и пак да го урнат. 
Денес, околу гробот стојат неколку парчиња од првобитниот споменик.
Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.
Во 2001 во малиот парк спроти Собранието на општина Струмица беше подигнат и споменик кој во својот долен дел е отворена книга од бел мермер на која се запишани нивните имиња. 
Таму е поставен со одредена симболика. Оттаму почнува улицата на која сите тие живееле, од која за последен пат излегле заедно.

Овој пример на брутално убиство сведочи за тоа на кој начин режимот во поранешна Југославија се справувала со сите оние Македонци кои што сакаа слободна и независна Македонска држава.

Нека им е Вечна им слава на убиените млади студенти за идејата за слободна и независна Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот