БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Колку предизборните програми се реализираат? Патот до с. Габрово, делчевско- мртво слово на хартија на Горан Трајковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Патот Делчево- село Граброво во должина од 2.6 километри е нефункционален за нормален сообраќај при секој пороен дожд кој заврне на овој потег. Иако Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски ја има ветено неговата реконструкција во својата програма, сепак жителите на селото и понатаму мака мачат за да си дојдат дома или да отидат до делчево за свои потреби.

За ваквата состојба реагираа и од Општинскиот комитет н ВМРО-ДПМНЕ Делчево кои се придружуваат на апелите на габровчани за да добијат она за кое гласале граѓаните на последните избори.

“Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и СДСМ ги излажаа жителите на село Габрово!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наместо проширување, безбедносни банкини и реконструкција на локалниот пат до село Габрово, како што стои во нивната изборна програма од последните локални избори, жителите на село Габрово се сведоци на потполно руиниран и небезбеден пат кој е и единствен до нивното село.

При секоја појава на врнежи овој локален пат е покриен со наноси на камења и кал, а безбедноста на движење по истиот е доведена во опасност!

И покрај многуте апели на жителите на село Габрово и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево за конечно решавање на овој важен проблем, одговор и реализација од Градоначалникот Трајковски НЕМА!”

-реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace