Пред неколку денови завршија градежните работи за рехабилитација на два клучни патни правци за жителите од општина Делчево.
Станува збор за завршена рехабилитација на дел од регионачниот пат Р1302 (кон Пехчево) и регионалниот пат Р2341 (кон село Габрово) со вкупен износ на чинење на работите од 42 милиони денари кои што се патни правци од огромна важност за жителите на Делчево кои што беа во исклучително лоша состојба претходно со децении..
За регионалниот пат на излезот од Делчево кон Пехчево Р1302 се инвестираа 20 милиони денари за нов асфалт со вкупна површина од 10.200 м², а за патот кон селото Габрово Р2341 владата инвестираше 22 милиони денари за 12.500 м² и банкини.
Истовремено за уредување на девијацијата кај Црквенска река се предвидени 6 милиони денари, додека се изработува проект за санација на мостот чија што реализација се очекува да биде завршена наредната година.
Директорот на ЈПДП Коце Трајановски со свое соопштение во јавноста го објави завршувањето на реализацијата на овие два проекти
“Во Делчево годинава вложивме 48 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура!
20 милиони денари за санација на патот Р1302 (кон Пехчево) –поставување на нов асфалт на 10.200 м², со вкупна количина од 1.400 тони асфалт;
22 милиони денари за патот Делчево – с. Габрово (Р2341) –поставување на 2.120 тони нов асфалт и банкини на 12.500 м².
Изведувач на градежните работи беше Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) .
Градиме побезбедни и поефикасни патишта за сите!”
-напиша на социјалните мрежи Коце Трајановски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Кочани Грозданов заедно со граѓаните ќе биде дел од чествувањето на Водици во понеделник
Министерката Весна Јаневска во работна посета на УГД – фокус на квалитетот во високото образование
Иван Гоцевски: Делчево е подготвено на повисоко ниво со низа настани да го чествува еден од најубавите христијански празници Водици