Општинската организација на Црвениот Крст Делчево вчера со редица на активности денеска го одбележа 5 Декември- Меѓународниот ден на волонтерите.
Во мултифункционалниот центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево како главен настан се одржа доделувањето на признанијата за хуманост на редовните дарители на крв во Делчево, на кој што присуствуваа Градоначалникот на општина Делчево како и повеќе значајни општествени чинители во локалната заедница.
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски лично ги додели признанијата на нашите сограѓани кои ja дарувале својата скапоцена течност која што живот значи за оние за кои им била најпотрена покажувајки на тој начин огромно ниво на човечка хуманост.

За овој настан Градоначалникот Гоцевски упати свое соопштение во јавноста чиј што текст го пренесуваме интегрално.
“Денес во Општина Делчево имавме чест да го одбележиме 5 Декември – Светскиот ден на волонтерите, ден посветен на сите кои несебично се даруваат за доброто на другите и ја носат хуманоста како дел од своето секојдневие. Настанот го посветивме на луѓето кои со својот труд, време и добрина ја прават нашата заедница посилна и подобра.
Особено место во ова одбележување им посветивме на крводарителите – оние кои буквално подаруваат живот. Нивната тивка, скромна, но огромна хуманост стои зад безброј спасени животи и нови надежи. За мене, тие се вистинските херои во мирно време.
Со посебна чест денес доделив 47 благодарници на крводарители од нашата општина. Една благодарница ја доби крводарител кој дарувал крв 100 пати – исклучителен пример за пожртвуваност. Двајца крводарители беа признати за 50 дарувања, седуммина за 25 дарувања, а 37 граѓани добија признание за 10 дарувања. Секој број претставува спасен живот, дадена надеж, подадена човечка рака во најтешки моменти.
Во своето обраќање ја истакнав огромната благодарност што ја чувствувам кон сите волонтери и крводарители. Нивната работа не е само активност – таа е мисија, вредност и пример. Секој нивен чекор, акција и дарување ја гради заедницата која ја сакаме – хумана, организирана, солидарна и подготвена да помогне.
Горд сум што Делчево има вакви луѓе. Луѓе кои не чекаат повик, туку сами го прават првиот чекор. Луѓе кои покажуваат дека најголемата сила на едно општество е човечноста.
Овој ден ме потсети дека како општина имаме обврска да продолжиме да ги поддржуваме сите кои несебично даваат – затоа што нивниот придонес не може да се измери, туку само да се почитува.
Им честитам на сите волонтери и упатувам огромна благодарност до секој крводарител. Нека нивниот пример продолжи да ја осветлува нашата заедница и да нè потсетува дека најголемата вредност која можеме да ја дадеме е – да помогнеме.
Горд сум што сум дел од заедница исполнета со луѓе со големи срца.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Деччево
Официјално од денес, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, стана волонтер во Општинска организација на Црвен крст Делчево.
Со својот личен пример, тој ја поддржува хуманоста и волонтерскиот дух во нашата заедница. Заедно продолжуваме да градиме посолидарно Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево