Историјата на човештвото е исполнета со моменти кога народите се кренале против неправдата, тиранијата или корупцијата. Мотивите најчесто биле оправдани, човечки и разбирливи. Но она што останува како темна трага, без оглед на епохата, е неизбежниот факт дека секоја насилна револуција, без исклучок, ја плаќаат граѓаните – оние што немаат моќ, оние што немаат оружје, оние кои бараат достоинствен живот и ништо повеќе.
Шарената револуција во Македонија не започна 2015-2016 година. Таа започна во моментот кога СДСМ падна од власт во 2006 година. Зошто? Само и единствено поради макијавелистичката потреба за да се биде власт. Сето тоа што го видовме преку разно-разни прегрупирања во т.н. граѓански сектор во Македонија во периодот 2006-2015 година беше и остана етаблирано како инструмент за враќање на СДСМ на власт. А како таа власт потоа беше искористена, видовме сите тие што го преживеавме теророт на едноумието на Зоран Заев како продолжена рака полна со ќеш на глобални геостратешки игри во кои нема место за Македонски национален идентитет и постоење на Македонска држава во права смисла на зборот.
Преку воопштен наратив во оваа моја денешна колумна ќе се обидам да ги генерализирам главните особености на тоа што како комплот се нарекува основа на процесот за воспоставување на инструменти за насилна промена на власт т.е. насилна револуција.
Насилната промена никогаш не носи вистински напредок; таа создава само нов круг на неправди, нови поделби и нови фрустрации. Кога револуционерниот жар ќе згасне, тлеат последиците: сиромаштија, страв, трауми, изгубени генерации. Во тие моменти станува јасно дека цената никогаш не ја плаќаат водачите – ја плаќа народот.
Револуциите што ги слават учебниците најчесто се раскажани како храбри подвизи, како историски пресвртници. Но како изгледале тие денови за обичниот човек? За мајката што го криела детето од истрели? За семејствата што останувале без домови? За стопанството што пропаѓало? Не постои насилна промена што не донела хаос пред да донесе некаква „слобода“, а многу често таа слобода, исто така, останува само на хартија.
Оттука се наметнува прашањето: Кој ги пишува таквите учебници за индоктринација на деца за посегање кон сретства за насилна промена на власт, под плаштот на некаква имагинарна слобода која никогаш не се реализира?
Современите општества во тој поглед содржат уште една важна лекција: напредокот на една заедница не е резултат на експлозија, туку на еволуција. На институции, а не на пушки. На дијалог, а не на отстрели. На принципи, а не на идеолошки митови. Државите што успеале да изградат стабилност и благосостојба го направиле тоа со постојано реформирање, со одговорност и со притисок од граѓаните – но мирен притисок, упорен и демократски.
Она што често се заборава е дека вистинската револуција се случува во свеста на граѓанинот. Во моментот кога граѓанинот одлучува да бара отчетност, а не одмазда. Кога бира да гласа, да се организира, да протестира мирно, да учествува во јавниот живот. Насилството е краток пат, но секогаш завршува во ќор-сокак. Демократската промена е бавен пат, но единствениот што води напред.
Затоа, кога денес ќе слушнеме радикални гласови што повикуваат на „решителни пресврти“ или „почеток од нула“, треба да бидеме внимателни. Ниту една држава не може да се препороди ако го уништи сопственото ткиво. Напредокот не се гради со неограничен пркос и јарост, туку со мудрост.
И токму затоа, најголемата вистина останува неизменета: ниедна насилна револуција не донела напредок. Напредокот го создаваат граѓаните кога се обединети, информирани, храбри – и мирни. Сè друго е само повторување на историјата која одамна ни покажала каде водат крвавите патишта.
Македонија денес е во стадиум на заздравување од ефектите на насилната Шарена револуција која го устоличи Зоран Заев на власт. Но структурите кои што по 2006 година го започнаа апокалиптичниот циклус на повампирување на либерално-социјалистички апстрактни вредности, под чии копита се урна институционалниот капацитет на државата, и денес ги гледаме во истите фрази и флоскули. Повторно речиси две децении потоа го прават единственото нешто што го знаат: маваат на Македонските институции со сите разјарени инструменти кои им се останати на располагање.
Денес повторно непрокопсани самопрогласени деспоти на интелектуализмот зборуваат за некаква европска домократија во која нема место за Македонскиот национален идентитет. Па тоа го пакуваат во обланда што значи во суштина тој идентитет. Па се обидуваат нивните сцијалистичко-либерални сваќања и вредности да ги протнат како божемен Македонски идентитет, избегнувајки да зборуваат за Македонски народ, за напредок на Македонскиот народ, за право и правда за Македонскиот народ итн. итн.
Веќе го гледаме тоа наше Македонско ДЕЖА-ВУ низ медиумски подруми, во кое волците-касапи на Македонското битие преоблекуваат овчји кожи за да се доближат до напатениот Македонски народ до таа мера за да бидат наречени Македонци.
Но нивниот “сурат” надалеку се чувствува.
И да! Забораваат едно многу важно битие: Македонскиот народ има свој имунитет изграден со генерации и векови наназад кој ќе ја разобличи нивната смрдеа на крвопијци и лешинари.
Па ајде волци! Што чекате….


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!
Наместо да се гордеат со својот идеолошки комплемент, СДСМ го лепат социјалистичко-левичарскиот диктатор Мадуро на десничарскиот лидер Мицкоски