БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Женава во себе крие безброј позитивни изненадувања. Дали ќе препознаете за кого станува збор?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Насловната фотографија на оваа наша статија е на актуелната кандидатка за Претседател на Република Македонија подржана од плејада професори, интелектуелци, граѓани, повеќе политички партии и коалицијата За Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Професорката Гордана Силјановска.

Во текот на нејзината кампања за овие претседателски избори таа се наметна со својата ненаметливост, одмереност и интелектуелен шарм, буквално секаде каде што ќе се појавеше. Промовираше многу нови вредности-досега невидени за еден претседателски кандидат, но пред се стана препознатлива во пошироката јавност со својот строг и непопустлив карактер во однос на правото и правните норми кои треба да бидат обединувачки фактор на кохезија во Македонското мултинационално и граѓанско општество.

Мора да признаеме во младоста оваа жена блескала со својата природна убавина и раскошен интелектуален и културолошки дух, за сега во врвот на нејзината интелектуална работа да ја бара довербата на граѓаните и да се обиде да ги стави целиот свој капацитет и знаење во функција на својот народ и неговата подобра иднина како прва жена Претседател на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот