БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Кошка-олицетворение на мултиетничноста на Македонското револуционерно движење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Александар Кошка (влашки: Alexandru Coshca; 1873, Гопеш, Битолско – 22 мај 1907, помеѓу Сливница и Курбиново, Ресенско) — македонски револуционер и романски офицер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Кошка е роден во битолското село Гопеш во 1873 година.

Во Битола завршил романска гимназија, а потоа студирал медицина во Букурешт. Тој бил ден од најактивните влашки членови на ВМОРО. Во 1902 година се вратил во Македонија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1903 година бил во четата на Парашкев Цветков. Учествувал во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието ги организирал влашки села во Битолско и Пинд. Васил Балевски за него рекол:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власите беа во нашата организација, комитетите им беа согласни централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек

Toj e еден од оние Власи кои што тргнале во борба против заедничкиот физички и духовен угнетувач на Македонија. Како вреден работник во редовите на ВМРО ги буди Власите од неписменост, настојувајќи да завршат училишта. Самиот завршил романска гимназија во Битола и студирал медицина.
Од сите Власи, активни членови на ВМРО, Кошка е најинтелигентниот револуционер.

Четите на Александaр Кошка (легнатиот десно) и Штерјо Апостолина

Александар Кошка е олицетворение на братството и единството меѓу македонскиот народ и малцинствата, кои што се бореа во општа борба против феудалното потчинување и експлоатација на беговите и пашите.

Војводата Кошка, загинат во судирите со аскерите, снимен од браќата Манаки

Загинува со уште четворица свои четници кај селата Сливница и Курбиново, Ресенско, на 22 мај 1907 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace