БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод 75 годишнината од основањето на УКИМ од Претседателката Гордана Сиљановска Давкова

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова по повод 75 годишнината од основањето на еден од темелите на современата Македонска држава Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” упати своја честитка во јавноста со своја порака која се однесува на важноста на образованието во државата.

“Честитки по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Образованието беше, е и мора да остане врвен приоритет на македонската држава. Во Европската Унија и во светот ќе нѐ почитуваат ако развиваме квалитетно, компетитивно образование и наука, ако ги негуваме, ако ги наградуваме најдобрите. Образованието мора да го осовремениме, мораме да го приспособиме на светските текови, мора да го димензионираме во согласност со реалните потреби на пазарот на трудот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мора да зајакне врската меѓу образовните институции и компаниите. Мора да вложуваме во истражувањето и во развојот. Така ќе ја намалиме невработеноста, така ќе го запреме егзодусот на најумните, најпотребните.”

-стои во честитката на Претседателката Сиљановска Давкова упатена во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace