Со свое писмо Македонци на 16.08.1919 година реагирале до уредништвото на Тајмс магазинот во Париз како реакција на потпишувањето на Версајскиот мировен договор по завршување борбите на Првата Светска Војна.
Заклучоците и решенијата кои проилегле како резултат на Версајскиот Мировен договор биле исклучително неповолни зa Македонија и Македонскиот народ чија што поделба била потврдена со одлуките на овој договор.
Во писмото упатено од Македонците до јавноста во Франција се објаснуваат главните аспекти за проблемите на Балканот создадени со поделбата на Македонија помеѓу балканските држави во двете балкански војни кои се случиле во предвечерие на Првата Светска Војна, како и потребата од решавање на Македонското прашање во интерес на Македонскиот народ.
“Во овој момент додека Мировната Конференција е окупирана со решавање на Блканските проблеми, ние два милиони Македонци нестрпливо чекаме праведно и рамноправно решение заа Мкедонското прашање. Од Балканот во 1914 година беше заплена искрата која што го запаали целиот свет. Опасната состојба во Македонија е главната причина за конфликт помеѓу Балканските држави. Нашите соседи прават се што е можно за да агосподарат со нашата несреќна земј и нјголемат несреќа на Македонската популација се резултат на овој локобен антагонизам.. Ние како народ не сме ниту вклучени ниту одговорни за грешките на балканските дипломати, кои што во минатото се подигруваа со судбината на Македонија.”
-стои на почетокот од реакцијата упатена до француската и светска јавност преку Тајмс Магазинот .
Понатаму во пишаното се вели дека Независна Македонија ќе служи како мост за поврзувње помеѓу државите на Балканот и ќе го подготви патот за создавање на Балканска Конфедерација.
Писмото е потпишано од Генералното собрание на Македонските општини во Швајцарија и во СД кое се состои од 50.000 млади луѓе кои што се во комуникација со 250.000 луѓе во Македонија кои што се во состојба слободно да си ги израат своите потреби и определби пред целиот свет.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На денешен ден е роден Македонскиот бранител Оливер Китановски кој подлегна на повредите здобиени во битката за Арачиново
На денешен ден е донесено решението за прогласување на Македонската азбука
Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 22 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“