Во континуитет низ улиците во Делчево подолг период наназад е присутна појава на глутници улични кучиња кои што со оглед на периодот за размножување н кучињата може да бидат застрашувачки и во одредени случаи и опасни по безбедност и здравјето на делчевчни.

Фото превземено од Фејсбук пренесено од загрижен граѓанин.
Истовремено веќе повеќе недели наназад во Делчево е присутнаа појава на труење на кучиња од страна на непознат сторител за што граѓаните се дополнително изложени на опасности по своето здравје и безбедноста на животата средина од дејството на отровот.

Фото од куче кое беше спасено од труење пред неколку денови.
Состојбата за која што е директно надлежна општина Делчево е алармантна што може да се заклучи од реакциите на граѓаните за решавањето на ваквиот проблем за граѓаните изискува многу знаење, посветеност политичка волја, ресурси и напори за да се сузбијат последиците од ескалација на состојбата. А како резултат на ваквта состојба ескалација е можна затоа што меѓу граѓаните на Делчево постои поделеност помеѓу оние кои повикуваат за насилни и нехумани методи за справување со ваквата состојба и оние кои што веруват во системско решение на проблемот во рамки на надлежностите на општина Делчево.
Во продолжение пренесуваме видео снимено денеска во населбата Ново Делчево кое се споделува на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово