На социјалните мрежи е пренесено видео со обраќање на Копретседателот на ОМО “Илинден” Пирин Стојко Стојков, кој упатува апел за поддршка на борбата на нашите браќа- Македонци кои живеат и работат во Бугарија, за нивно човечко достоинство, признавање и слобода.
Господинот Стојков преку видеото информира за проблемите со кои што мораат да живеат нашинците во Бугарија кои се однесуваат на репресии, непризнавање и уште повеќе негација на нивното постоење со децении наназад во Бугарија. Оваа борба на Македонците во Бугарија е легална борба и не е насочена против никого, а се однесува на зачувување на основните човекови права.
Стојко Стојков кон крајот на видеото соопштува дека секој добронамерен граѓанин може да го поддржи организираното движење за човечко достоинство и слобода на Македонците во Бугарија преку Македонското меѓународно движење за човекови права предводено од Бил Николов, преку организацијата Пирин на Ицо Најдовски или преку остварување на контакт со ОМО “Илинден” Пирин директно преку нивнитте социјални мрежи на фејсбук.
Проследете го целото обраќање на Копретседателот на ОМО “Илинден” Пирин Стојко Стојков во виеото во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”