Аирлија за Куманово и Кумановчани.
Денес Премиерот Мицкоски потпиша договор за државна помош со ДМ- БАУ Интернационал, кој гарантира инвестиција од 7 милиони евра и создавање на најмалку 2️⃣0️⃣0️⃣ нови работни места во следните 5 години.
Компанијата која е дел од швајцарската групација ДМ Бау со над 100 години традиција во работата, ќе изгради современ комплекс во индустриската зона кај Куманово, покривајќи 35.000 м² за производство на модуларни објекти.
Да се надеваме дека некоја од наредните странски инвестиции ќе бидат во некоја од индустриските зони во нашиот Брегалнички регион, кој што и тоа како има потреба од ваква поголема инвестиција од повеќе аспекти:
-зголемување на конкуренцијата на пазарот на трудот,
-подобрување на растот на платите во приватниот секотр,
-заживување на останатите дејности преку зголемена економска моќ на граѓаните на регионот,
-намалување на трендот на исселување во странство.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција