Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” која се емитува на ТВ АЛФА зборуваше за повеќе актуелни политички теми кои се рефлектираат директно во животот на граѓаните на Македонија.
На почетокот од телевизиската дебата Николоски зборуваше за генезата и штетните производи на погубниот Преспански Договор кој што власта на СДСМ (претходно водена од Зоран Заев а потоа продолжена од Димитар Ковачевски) и ДУИ (фиксно водена од Али Ахмети) го наметнаа протувуставно и противзаконски на државата и сите граѓани на Македонија.
Николоски зборуваше за неговото делување во изминатиот период како еден од ретките пред донесувањето на Преспанскиот Договор,
Николоски: -Манипулациите со преводот на Договорот нема да им поминат!
Заев со Преспанскиот договор ја понижи Република Македонија
Александар Николовски – Никогаш северна, секогаш Македонија
и како единствен политичар кој што го обзнани овој штетен договор во Македонската јавност како и неговите дебатни емисии со челниците на тогашната влада и главни поборници за донесување на овој договор Никола Димитров и Радмила Шеќеринска. Николоски истакна дека многумина тогаш не веруваа во изнесените информации од негова страна, но ефектите од сите штетни одредби од Преспанскиот договор денес граѓаните за жал можат да ги почувствуваат врз сопствен грб.
-Референдумот за промена на името не успеа иако власта тврди дека било спротивното, но факт е дека немаше цензус, дека луѓето решија да останат дома што беше јасен сигнал дека се против преспанскиот договор, но неговите последици, неговите отровни плодови ги гледаме сега. Ова е врвот на понижување. Јас не знам за втор пример за цивилизирана држава во светот да и се наметнало на држава да промени име и притоа доброволно граѓаните да молат буквално, затоа што последните месеци до молеѓе е отидена работата да ги менуваат документите кои што се нивен личен идентитет. Тоа се личната карта, возачката дозвола и пасошот како три основни документи кои покажуваат дека одреден човек е жител на една демократска држава:.
-рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на почетокот од емисијата.
Целата емисија со обелоденетата суштина и генеза на проблемите со идентитетските прашања на Македонскиот народ изнесени во форма на став на еден од потпретседателите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ може да ја проследите во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – нова фаза во развојот на македонскиот електроенергетски систем
Јаневска: МОН со системски пристап одговара на предизвикот на вештачката интелигенција во образованието
Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените