БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 25 септември 2006 година почина Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски писатели

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Петре М. Андреевски (с. Слоештица, Демирхисарско, 25. VI 1934 – Скопје, 25. IX 2006) – поет, романсиер, раскажувач, драмски автор.

Пишувал стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпре- на врз фабулата, туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се вели дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката „Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“).

И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и алузијата, на јазичната игра и носталгичната медитација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace