БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…

Пренеси го гласот


*Причини и последици за пропаста на еден општествен систем*

Глумците и актерите преживуваат со исклучок на неколкумина што не се најдобрите во дејноста кои живеат на повисоко ниво но не од актерство! Слична ситуација е со сите уметнички гранки.

Наставниците и професорите се единствената средна класа во државата според износот на плата и општествено најигнорираната групација (читај максимално потценета) во интелектуална смисла, иако треба да биде сосема обратна ситуација!

Социолозите како општествена групација и не постојат, туку поедини политички етаблирани социолози по професија се ставени да одработуваат политички агенди најчесто против принципите на социолошката наука!

Правниците се делат на две категории: Оние кои држат низок јавен профил живеејки од маката на народот и оние кои се врамени во највисоките партиско-политички ешалони на системот. И двете овие групации на правници не споделуваат право и правда како највисок дострел во нивниот вредносен систем туку во умот им е само ЌЕШ- првенствено по цена на правото и правдата! Судско-обвинителскиот систем си е приказна сам за себе во рамки на правничката фела НО НЕ ПО ДОБРО!

Лекарите поучени од праксата на правниците веројатно главна преокупација им е ЌЕШОТ наспроти Хипократовата заклетва.

Припадниците на администрацијата се само неми, слепи и глуви послушници на политичарите, без соодветно ниво на професионализам и кредибилитет.

Економистите својата дејност ја проектираат првенствено низ својот економски интерес и најчесто јавниот интерес воопшто и да не постои во таа фела.

Инжинерите како реални практичари-предводници на реалниот сектор се ставени на маргините, без право на јавен глас, мислење и не дај Боже влијание на општествените процеси…

Оваа набројана интелектуална елита по дејности во Македонија треба да е предводник на општиот развој на државата.

bregalnickimarketing

НО НИ ПРИБЛИЖНО НЕ Е ТАКА.

Кога последен пат меинстрим во МЕДИУМИТЕ била информацијата дека некој актер, лекар, економист, инжинер… постигнал некаков успех или едноставно пракса за подобрување на барем еден сегмент од општествениот живот во Македонија, без таа информација да има било каква политичка заднина?
И повторно доаѓам до улогата на медиумите во процесот на деградација на некоја нормалност во контекст на севкупниот општествен одржлив развој.

Медиумите кои би требало да ја имаат таа најсветла улога од една страна да бидат хроничари на нашето современие а од друга страна да бидат замислениот простор за планирање, судир на аргументи и дефинирање на иднината не ретко стануваат предмет на злоупотреби најчесто поради ЌЕШ но во нашата државна реалност и моќ. И така најчесто страда вистината која би требало да биде највисок дострел во работењето на медиумските работници.

Драги мои денес веќе и најелементарните граѓански права се регулираат и контролираат. Телекомуникациската интерконекција и интероперабилност која допира и до нај приватните сегменти од нашите животи од една страна овозможува своевиден благодет за подобрување на квалитетот на живот, но од друга страна создава општество на робови во која што групација припаѓаат над 90% од популацијата. Само мал дел на политички и бизнис елити одлучуваат за најелементарни работи за секој поединец на планетата земја како и во Македонија.

Овој систем е неодржлив!

Богатството на професии, диверзификацијата и дисперзијата на моќ за одлучување и влијание на процесите треба да добие повисоко ниво во социолошко-филозофски контекст за да се преслика во секојдневниот живот. Во спротивно ќе гледаме нов епски судир на светска сцена во кој најмногу ќе страдаат невините

Креирано од:


Пренеси го гласот