БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани организираше дебата по повод Европската недела на мобилност. 

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, командирот на ПО за БПС – Кочани и претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани Роберт Богатинов, директори на основните и на средните училишта во градот, претставници на автошколите и локалните медиуми се разговараше за управување со паркирањето и безбедноста во сообраќајот и за урбаната мобилност како основа за заштитата на животната средина, здравите навики и мудрото поврзување на превозните решенија, како и за подобро управување со сообраќајот и паркирањето во општина Кочани. 

На средбата, градоначалникот Папазов информираше дека Општина Кочани е една од петте општини за кои Министерство за транспорт дава техничка помош за развој на План за одржлива урбана мобилност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од дебатата произлегоа заклучоци за реализација на засилени превентивни мерки со едукација на сите учесниците во сообраќајот; промена на режимот на сообраќај и обезбедување поголем број места за паркирање и воведување наплата на сите постоечки паркиралишта; подобрување на патната инфраструктура, бележење на хоризонталната и промена на вертикалната сигнализација; поголема полициска контрола на експресниот пат Штип – Кочани и надополнување на утврдениот сообраќаен режим.

Извор: Општина Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace