БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Јовица Андовски оставри работна средба со првите луѓе на Ветеринарната комора, кои денес одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.

Како што информира директорот на АХВ, во најкус рок ќе продолжи земањето на мострите за лабараториски испитувања согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а тековно ќе се врши и исплата на обврските за реализираните ветеринарни активности согласно програмите.

Работна група со претставници од АХВ и од Комората ќе работи на анализа врз основа на која ќе се направат и промени на Методологијата за дефинирање на цените на ветеринарните услуги кои како што истакнаа претставнитците на Комората не се коригирани неколку години. Како што истакна директорот Андовски, Агенцијата и ветеринарните друштва се партнери во остварувањето на заедничката цел – заштита и унапредување на здравјето на животните, а преку тоа и заштита на јавното здравје и затоа заедничко дејствување треба да се темели на разбирање и соработка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој го поддржа мирниот протест на претставниците на Комората и истакна дека АХВ останува отворена за дијалог и соработка секогаш кога постојат отворени прашања. Изрази уверување дека решенијата треба да се бараат низ партнерски однос, конструктивна комуникација и соработка со цел изнаоѓање на соодветно решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Агенцијата останува посветена на унапредување на досегашната исклучително значајна и високо професионална соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, кои се првиот и исклучително важен професионален одговор на теренот кога станува збор за здравјето на животните. На средбата беше констатирано дека претстои сериозна активност на терен – спроведување на вакцинацијата на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози.

Како одговорна институција, заклучи директорот Андовски, АХВ ќе продолжи да работи заеднички со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, со цел надминување на сите предизвици, зајакнување на капацитетите на системот и обезбедување на ефикасна заштита на здравјето на животните и луѓето.

Креирано од:


Пренеси го гласот