Женската енергија, амбиција, креативност и иновативност се силен потенцијал за економски раст и создавање нови деловни можности. Токму овие вредности беа во фокусот на денешниот Саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“, организиран од UN Women, Здружението за бизнис жени и Абилитис.
На покана на организаторите, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска учествуваше на панел-дискусијата за унапредување на женското претприемништво, заедно со Марија Митева, портпаролка на Владата, Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Гордана Клинчарова, државна секретарка во Министерството за дигитална трансформација, и Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women.
Фокусот на панелот беше како да создадеме подобри услови за жените да започнуваат, развиваат и прошируваат сопствени бизниси, со поголем пристап до финансии, знаење, менторство, технологии и меѓународни пазари.
Како ИНОВА, наша задача е да го претвориме овој потенцијал во конкретни можности, преку поддршка на жените претприемачи, јакнење на нивните капацитети и поврзување со иновацискиот и бизнис-екосистемот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!