По повод 35 годишнината од формирањето на СДСМ своја честитка во јавноста упати Славјанка Петровска:
“35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно.
СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви.
СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фразни.
И синото и црвеното носат своја победа, и розата и тупаницата носат порака, носат идеологија, носат подобро утре.
Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале, на подобро, се разбира.
Промената на подобро е неопходна, суштинска, за да може да успееме, за да победиме, за Македнија.
Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскро да започнеме со трансформација.
Среќен роденден, моја СДСМ.”
-напиша на социјалните мрежи Славјанка Петровска


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад