Станува збор за училиште по Македонски јазик и култура чија што настава секоја година ја посетуваат десетици деца од основна образование како од Македонско потекло така и деца од Хрватска. На тој начин доаѓа до полн израз мултикултурализмот кој што е еден од основните стожери за развојот на овој град во Хрватска.
За целата приказна да биде таква каква што е, со својата макотрпна и посветена работа овој центар на Македонизмот го прави наставничката по Македонски јазик и култура Бранкица Богатинов, која што на свои плеќи го носи овој проект со подолг период наназад.
Основното Училиште веќе 2 години функционира во Град Дуго Село во Загребската Жупанија и е најново отворено училиште со можност за изучување на Македонски јазик како изборен предмет по модел ц, а во едно е и првоотворено училиште на подрачјето на цела Загребска жупанија.
Постигнатиот успех т.е оценкатс од наставата се запишуваат во сведителствата на учениците.
Одделението во изминатата година броеше 21 ученик од кои половината хрватчиња а пристапија со волја и желба да ја изучуваат нашата култура, јазик и традиција.
И оваа година учениците од ОУ Иван Бенковиќ од Дуго Село Р.Хрватска имаа можност од 25.08 до 01.09 да учествуваат во овој летен камп кој е во организација на Министерството за образование на Р.Хрватска. Поднесител на проектот е Хрватско Македонското друштво со раководството, госпоѓите Јудита Р. Худечек и Лена Ѓапиќ.
Координатор , автор и водител на проектот Бранкица Богатинов дипл.инг.по биологија и наставник по македонски јазик и асистентки: Катарина Павелиќ дипл.проф.по биологија и хемија и Мирјана Фунтек економистка. Покровител на проектот Град Дуго Село со градоначалникот Ненад Паниан.
Ви склоп на проектот децата имаа богата програма која што освен изучување на јазикот и културата на Македонија имаше можност и посета на институтот Синиот свет чија цел е зачувување на билниот и животински свет во Јадранското море со акцент на добриот делфин и негова заштита, Музејот Апоксиомен на Мали Лошињ кој на посебен начин ја раскажува приказната за младиот атлет кој е пронајден во водите покрај Мали Лошињ и после 2000 години изваден од дното и успешно реставриран, посета на Миризливата градина која обилува со разни билки карактеристични за островот како и со неколку животни домаќини во самата градина, посета и на местото Чикат ( прекрасен залив со песочни плажи и богата архитектура) , и секако прекрасниот Вели Лошињ кој со право е наречен рај на Земјата.
“Преку едукативните работилници и посетата на сите овие институти и музеи децата сите ново стекнати знаења ги преведуваа и на македонски јазик. Вечерите ги поминувавме со забава, дружење и спорт, зачинети со убава македонска музика , оро и игра.
На свеченоста на доделување на дипломите имавме и изненадување за нашиот роденденски славеник.”
-вели за реализацијата на овој летен камп наставничката Бранкица, чија што љубов кон Македонскиот јазик и нејзината татковина Македонија ја инспирирала за да го создаде ова училиште.
“Горда sum на моите ученици. На моето мешано одделение од 21 дете од кои половината се хрватчиња а со таква желба и љубов пристапија кон оваа настава и овој проект.
Голема благодарност и до моите колешки Катарина и Мирјана кои иако не се изворни говорници на македонскиот јазик со голем ентузијазам и љубов се приклучија кон овој проект.”
-со жар и енергија вели Бранкица Богатинов која изразува надеж и желба дека овој нејзин позитивен пример на афирмација на МАкедонскиот јазик ќе го следат и други Македонски едукатори и наставници.
Оваа иницијатива која ја спроведува наставничката Бранкица со нејзините соработници е навистина благородна и го заслужува целокупното внимание на хрватските но и македонските власти за поддршка од било кој вид и унапредување на оваа пракса.
Инаку Бранкица Богатинов е дел од Здружението на наставници по Македонски јазик во светот, каде уште 40-тина помалку и повеќе активни наставници, културни работници, едукатори и промотори на Македонскиот јазик работат подолг период наназад а во чии што рамки се планираат уште многу вакви иницијативи и активности со главна цел за одржување, развој и афирмација на Македонскиот јазик и култура.
За крај на оваа прекрасна приказна ќе ја пренесеме личната порака на наставничката Бранкица која веруваме ќе допре до секој Македонец ширум светот:
“Довидување до идното лето .
Уживајте во убавите спомени и нови пријателства кои ги склопивме овде.
Човекот е богат онолку колку што има пријатели а неговата најголема моќ е знаењето и правите животни вредности на меѓусебно уважување ,почитување и ценење на различностите кои не чинат луѓе.”
-вели во изјава за нашиот портал дипл.инг по биологија и наставник по македонски јазик Бранкица Богатинов од Дуго Село, Хрватска.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поддршка од Маријана Петир за кандидатурата на Проф. Гордана Сиљановска Давкова
Прекрасна атмосфера и енергија на Бугарската премиера на МАКЕДОНИСИМО!
Поранешниот Албански премиер Илир Мета со силна поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори