БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев: Дали Оливер Спасовски знае колку вреди еден човечки живот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Фактот дека утрово нема никаква реакција од негова страна за полицискиот службеник кој е повреден вчера вечер на автопатот кон Скопје, говори за неговата негрижа за вработените во Министерството за внатрешни работи и останатите полициски службеници. За него, многу поважен е бројот на изречени санкции, казнети граѓани, и земени пари од џебот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај.

Уште еден крах на безбедносниот систем е вчерашното бегство на затвореник осуден на повеќе од 20 години затвор. Настанот кој се случи вчера е уште една во низата потврди дека намената на безбедносниот систем креиран и контролиран од кадрите на СДСМ е да ги штити и да биде логистика на криминалците блиски до оваа политичка партија.

Јавноста секојдневно бара одговори на прашањата уште колку вакви настани треба да се случат, за конечно Оливер Спасовски и луѓето околу него да понесат одговорност. Сведоци сме на секојдневните криминали кои се случуваат во полицијата, уништување на безбедносните структури, деградирање на полициските службеници и ниските плати. Вчерашниот настан е уште една потврда за тоа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не се потребни истраги и внатрешни контроли, јасно како ден е дека спрегата помеѓу криминалот и политичарите на власта е посилна од било кога. Оливер Спасовски и партиските директори на безбедносните институции на дело ја покажуваат оваа спрега, преку секојдневните скандали кои ги гледаме во јавност.

Почитувани, животот на човекот нема цена. Тој е позначаен од било што. Од било кој ПР и од било која кариера. Одговорност и оставки мора да има. На нас, граѓаните одамна ни е преминат прагот на партиски злоупотреби, партизирани институции, криминал и корупција. Време е за промени во Македонија!

-реакција на Наќе Чулев

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace